Помина околу половина месец откако албанската пејачка Аделина Тахи на свет го донесе своето прво дете и се реализираше во улогата на мајка.
Бебето доби модерно име Џон, а тазе мама Аделина уште пред неговото доаѓање направи голема забава за добредојде каде беа поканети многу гости, имаше музика во живо и се тоа уште пред да се породи.
Сега откако се дома, како и секоја мајка, така и Аделина ужива во мајчинството, да го негува, гушка, гали, бакнува, фотографира… своето малечко бебенце.
Таа објави фотографија од неговите слатки стапалца, а подоцна на својот профил спдодели и неколку фотографии од кои јасно покажа дека по породувањето брзо ја вратила својата форма.
Природата е различна за секоко, иако требаат околу шест месеци за женското тело да се врати во форма близу до онаа пред бременоста, но сепак кај некои постојат исклучоци.