Радио Милева

Аца Лукас за својата нова девојка: „Искрено сум заљубен“

Аца Лукас за својата нова девојка: „Искрено сум заљубен“

Аца Лукас неодамна ја издаде песната „Имам проблем“ во дует со Маја Беровиќ, а на промоција на истата се појави со неговата нова девојка.

Лукас сношти беше гостин во емисијата „Амиџи шоу“ каде што проговори за својата нова љубовна врска и за својата девојка.

„Јас одлучив да не зборувам за својот приватен живот, но сакам да кажам дека дојдов со мојата девојка, дека сум искрено заљубен и таа се вика Јована. Убаво ни е и уживаме. Ја сретнав на една изложба, потоа  вторпат се сретнавме во библотека и јас и реков третпат частиш.Трет пат се сретнаме кога пријавував докторат на факултет“ вели Лукас низ насмевка.

фото: Принтскрин/инстаграм

Во еден дел од емисијата, Огнен на гостите им поставуваше прашања кои пристигнале од „Инстаграмн“.

„Како не ти беше срам да се бакнуваш со девојката пред медиумите?“ гласеше прашањето за Лукас.

„Јас не се бакнував пред медиумите, се бакнував со својата девојка, а тоа што медиумите ме видоа е нивен проблем. Проблем ли е што се бакнував? Некој не може да се бакнува ни приватно бидејќи нема никој, јас секогаш имам. Кога имам, јас се бакнувам“ вели Лукас.

To top