Аца Лукас заедно со Ѓорѓе Давид гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ каде што разговараа на разни теми.
Ѓорѓе во емисијата проговори низ што поминал додека беше заразен со коронавирусот, а Лукас му даде поддршка на својот колега
Аца Лукас исто така откри и со колку жени бил во текот на неговиот живот.
„11,12…јас не сакав да бидам со нив, но тие сакаа да бидат со мене. Добро 15, 16“ изјави Лукас.
Инаку, тој неодамна откри дека сите врски по разводот со Соња Вуксановиќ му траат како јогурт.
„Секоја врска ми трае како јогурт. Затоа нема да се женам повторно“ изјави фолкерот кој по врската со Соња имаше кратки врски со “Плејбој зајачицата“ Божана Вујиновиќ, со бившата мисица Јована Дурошки, старлетата Наташа Шавиј.