Радио Милева
ѕвезда или насилник?

Аца Лукас се степал со девојката, таа му поднесе кривична пријава: „Испадна големо ѓубре“ (ФОТО)

Аца Лукас се степал со девојката, таа му поднесе кривична пријава: „Испадна големо ѓубре“ (ФОТО)

Ден после Божиќ, српскиот фолкер Аца Лукас предизвикал скандал откако во еден познат хотел во Будва се степал со својата девојка, извесна Николија Нина Лачевиќ, по потекло од Подгорица.

Лукас и Нина се гледале веќе една  година, но само во Црна Гора, бидејќи на девојкат  бил забранет влез во Србија.

„Не ми е пријатно да зборувам за тоа, но бидејќи Лукас се однесуваше нечовечки кон мене, ма сепак ќе објаснам што се случи. Тој допатува кај мене на почетокот на неделата и заедно бевме на неговиот настап во Никшиќ. Другиот ден отидовме во Будва, каде што исто така имаше закажано тезга. Сè беше во најдобар ред до моментот кога требаше да се тргне на тој настап. Не му се работеше, па му реков: Ајде, не можам јас да пејам наместо тебе… Беше нервозен зашто го болеше желудникот, а и јас бев малку нервозна, зашто не сакав да одам, но ете тргнавме и дојде време да почне да пее. Во паузите ми приговараше дека сум премногу сериозна и дека не гледам во него додека настапува“ – раскажала Нина за српски „Телеграф“ и додала дека големата кавга која завршила со тепачка меѓу нив, почнала по настапот на Лукас.

„Во бекстејџот ми рече: „Сериозно ми го расипа настапот. Ако си навикнал сите девојки да трчаат по тебе, да ти паѓаат на колена, да те молат, јас не сум таква“ – му возвратив.

„Кога стигнавме во хотелот ми рече дека поради вакви работи се карал со сопругата и дека не сака историјата да му се повторува. Го потсетив дека тој ми се јави мене, а не јас нему по што почна да вика, а јас го предупредив да го намали тонот. Тогаш ме турна и паднав покрај наткасната крај креветот. Продолживме да се караме и еден со друг да се удираме. Нему одненадеж толку многу му се слоши, што почна да му излегува пена на устата. Се исплашив да не добил епилептичен напад, па му дадов газиран сок да се напие. Набргу дојде полиција, а јас во плициската станица реков дека само се каравме, зашто ми беше жал за него,  бидејќи ме молеше да не го обвинам зашто веќе имал проблеми со насилство. Не сакав да останам со него, па се вратив во Подгорица. По патот повраќав, па отидов директно во болница и направив лекарски прегледи“ – ја раскажала својата верзија на настанот Нина за српски Телеграф.

Бринетата подоцна сепак се предомислила и одлучила да поднесе кривична пријава против Лукас.

„Тоа и го заслужи, зашто испадна ѓубре. Немаше потреба така да се однесува. Можевме се’ да решиме. немаше потреба да се влечеме по подот и да доаѓа полиција… Ние се караме и мириме веќе една година, но јас веќе нема да ги трпам неговите будалаштини“ – ја завршилоа својата приказна Нина, додека Лукас одбил да говори и само кусо рекол дека на сето ова нема коментар. Судската разрешница – следи!

Останати вести од Радио Милева