Радио Милева

Аца Лукас и Карлеуша страшно го налутија Саша Поповиќ: Поради нив откажано снимањето во „Гранд“

Аца Лукас и Карлеуша страшно го налутија Саша Поповиќ: Поради нив откажано снимањето во „Гранд“

Иако на снимањето во „Гранд“ требало да присуствуваат Јелена Карлеуша, Аца Лукас, Александар Милиќ и Милица Павловиќ, Карлеуша и Лукас го откажале доаѓањето.

Тие наводно сакале да избегнат средба „очи во очи“ поради што директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ бил видно нервозен.

Во српските медиуми се шпекулира дека една од причините е емисијата „Амици шоу“ каде Јелена гостуваше по речси шест години на ТВ Пинк, а во која меѓу другото зборуваше за Лукас и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.

FOTO: PRINTSCREEN, AMIDŽI ŠOU

Според информациите, снимањето ќе биде реализирано без нив двајцата, а гости ќе бидат само Милица и Мили.

To top