Радио Милева селективен третман и медиумска „осуда“?

Аца Лукас го откажа илинденскиот концерт во Охрид, па прозва дел од македонските медиуми и продукцијата која во ист ден организира концерт на Петар Грашо: „Зошто мојот го ставивте во многу лош контекст, а концертот на уважениот колега никој не го спомна?“

Аца Лукас го откажа илинденскиот концерт во Охрид, па прозва дел од македонските медиуми и продукцијата која во ист ден организира концерт на Петар Грашо: „Зошто мојот го ставивте во многу лош контекст, а концертот на уважениот колега никој не го спомна?“

Илинден е на прагот, следува споен викенд од три неработни дена, во кои традиционално македонскиот езерски бисер Охрид секоја година е полн како око. Сместувачките капацитети распродадени, кафеаните однапред резервирани, на плажите нема игла каде да фрлиш… И сето ова годинава ќе биде мултиплицирано неколку пати, заради корона епидемијата и неможноста да се патува надвор од границите на Македонија, па Господ нека ни е напомош по „Илинденскиот корона кластер“ кој допрва ќе следува. Но, тоа е друга тема на приказната, за жал, грдата страна на убавото.

За Илинденските празници во Охрид токму заради препосетеноста со туристи, години наназад традиционално се организирале и случувале десетици културни и музички манифестации, концерти, настапи на познати естрадни ѕвезди… Така требаше да биде и годинава, арано ама… По најавените концерти на неколку музички ѕвезди, меѓу кои и концертот на српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас засилен со неговат колешка Сандра Африка, јавноста се крена на нозе заради ризикот од корона зараза при таквите масовни собирања. Уште повеќе заради тоа што нивните пакет настапи во соседна Србија беа забранети или откажани сеедно, заради корона епидемијата, а кај нас…

Социјалните мрежи зовреа од негативни коментари, дел од македонските медиуми ја потенцираа и мултуплицираа приказната, па Аца Лукас и неговиот охридски, илинденски концерт завршија дури и во централниот дневник на некои од најгледаните македонски телевизии, како ТВ Сител, на пример.

Сфаќајќи ја сериозноста и ризикот од настанатата ситуација, а можеби уште повеќе  и ризикот по сопствената кариера и популарност, српската поп-фолк ѕвезда се огласи со свој статус на социјалните мрежи го откажа концертот. Од хумани или бизнис причини, или можеби од двете, само Аца Лукас знае, но, како и да е, концерт нема да има!

„Почитувана публико, драги мои фанови и сите луѓе во Македонија, мислам дека е соодветно да се обратам до сите Вас, како и на целата македонска јавност, преку мојот Инстаграм и да разјаснам некои работи поврзани со мојот настап што требаше да се случина  1 – ви август оваа година.

Моите концерти не ги закажувам јас, туку мојот менаџмент и тоа таму, каде што ќе не повикаат. За овој концерт бев информиран само пред неколку дена и веднаш побарав  гаранции дека концертот ќе биде регулиран и одобрен од сите соодветни инстиуции, зашто токму јас бев запрепастен кога дознав дека ми е закажан настап! Но, до ден денес, добив само усмени гаранции од организаторот, што за мене не беше доволно. Со извинување до македонските музичари, пејачи и музички уметници кои се принудени да седат дома и не работат и морална обврска утре некој да каже дека се заразил на мојот концерт и извинување на оние кои му се радуваа на тој концерт, ве информирам дека концертот на Александар Вуксановиќ – Аца Лукас на 1-август во Охрид е ОТКАЖАН и НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ“ – меѓудругото напиша Лукас, лично откажувајќи го концертот.

Но, не помина долго, само неколку часа кога Аца Лукас одново се огласи на својот Инстаграм профил со нова статус. Овој пат српската турбо фолк ѕвезда, очигледно нервозен, лут и навреден, прозва дел од македонските медиуми, како и организаторите на другите, конкурентски концерти како оној на Петар Грашо, на пример, кој истиот ден во Охрид треба да се одржво организација на „Прагма продукција“ зад која стои менаџерот Кристијан Стефановски, концерт кој никој не го спомна. Ниту на социјалните мрежи, ниту во медиумите иако  датумот ( 1-ви август), локацијата (Охрид) и секако ризиците од можна зараза заради масовно собирање се исти, како и на концертот на Лукас!?

Токму испровоциран од ова, српскиот поп-фолкер одново се огласи, па прозва дел од македонските медиуми и организторот – „Прагма продукција“:

„Со должна почит кон мојот колега и еден од моите омилени пејачи и со верба дека во ваква ситуација за својот настап секој одлучува според сопствената совест, само би поставил прашање до одредени медиуми како што се: Фокус, Лидер магазин, Охридски новини, итн…Од една страна, тие со право го кренаа својот глас против мојот настап и не беа нималку пријатни. Јас би ги прашал само една работа: По кој основ е направена разлика меѓу овие два концерти,  па мојот е споменуван во многу лош контекст, а концертот на мојот уважен колега никој не го спомна иако се одржува во ист ден? Јас стојам зад мојата одлука и нема да ја менувам, но би ги замолил споменатите медиуми да ми одговорат кој е факторот на ризик на мојот, а кој на овој, другиот концерт, па него го испуштија од вид кога мене ме нападнаа?

(И честитам на оваа, некоја  „Прагма продукција“ на успешен концерт, однапред. Бидејќи сега можат да бидат сигурни дека ќе им биде успешен)“ – напишал Лукас коментирајќи го селективниот третман и уште поселективната медиумска осуда за двата настани кои треба(а) да се одржат во исто време, на исто место со ист фактор на ризик.

 

To top