Овие денови во медиумите во регионот, главна тема е елитната проституција, за која свој став има и пејачот Аца Лукас.
„Јас не знам ниту една пејачка која се занимава со проституција, ниту пак верувам дека некоја се занимава со проституција. Јас сум убеден во тоа бидејќи сум 30 години на естрадата, ги знам сите луѓе. Тоа е глупост“ вели пејачот и додава дека никој не треба да осудува без докази.
„Јас сум на страната на овие девојки кои се на столбот на срамот, а кои исто така имаат свои мајки и татковци. Никој не знае дали тоа е вистина или не“ вели Лукас.
Некои медиуми на списокот на жени кои се занимиваат со проституција ги ставија и пејачката Душица Грабовиќ и старлетата Наташа Шавија, за која Лукас тврди дека не се занимава со тоа.
„За нив две сигурно знам дека не се занимваат со тоа. Душица е моја колешка и одлично ја познавам. Наташа изработува свои креации, има дуќан. Ги стават некаде каде не им е место“ вели Лукас.