Постојат одредени работи на кои треба да обрнете внимание за да се заштитите во текот на летните горештини. Избегнувајте кафе, јадете лубеници и пијте доволно вода, се дел од советите на експертите.
Најважно е во периодот меѓу 10 часот и 17 часот да не се изложувате на сонце, ова особено важи за децата, бремените жени, постарите лица и хронично болните. Подолг престој на сонце и на високи температури може да резултира со разни симптоми и со сончаница.
На што треба да обрнете внимание?
Важно е да пиете многу течности, во случајов вода. Избегнувајте кафе и алкохол, предизвикуваат дехидрација. Храна богата со вода е лубеница, краставица, домати, јадете што повеќе салати и чорби.
Кај првите симптоми на влијанието на топлото време на телото важно е да се засолните на сенка. При претерано потење, чувство на мачнина, малаксаност или забрзан пулс се препорачува ладење и внесување течности.
Носете лесна облека со светла боја, очила за сонце и шешир. Редовно нанесувајте средства со заштитен фактор кои штитат од УВ зрачења. Особено бидете внимателни со децата и за нив користете средства со фактор над 30.
извор:курир.мк