Водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ во февруари доживеа тешка сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката.
Благодарение на стурчниот тим на доктори, тие успејаа да и ја вратат раката на место.
Меѓутоа, потоа следуваа низа други интервенции кои беа борба за живот.Деа полека оздравува и се враќа на своите секојдневни активности.
Претходната недела таа се врати на ТВ екраните, каде што повторно води утринска емисија.
Деновиве, Деа го прослави својот 28 роденден и првпат ги покажа лузните од несреќата.
„Кога си на работ да изгубиш нешто, тогаш повеќе го цениш тоа што го имаш. Без оглед на се, ја ценам својата рака. Секој треба да ги сака своите лузни. Има многу луѓе кои имаат лузни и кои ги сакаат, зошто да не ги сакам и јас? Ми кажаа дека ласерски можам да ги отстранам, но немам потреба за тоа. Важно е дека се е функционално. Најголема лузина имам на ногата од каде што ми ја тргаа кожата, но за неколку месеци таа лузна ќе исчезне. Останатите ќе останат за цел живот. Овие на рацете се големи, но не ми пречат. Моите лузни се симбол на мојата победа“ изјави неодамна Деа.