Александра Пријовиќ важи за една од најмладите пејачки во регионот, и гради успешна музичка кариера.
Иако се породи во март и го доби синот Александар, пејачката не чекаше долго време да се врати на музичките активности.
Имено, неодамна издаде две нови песни кои наидоа на одличен прием кај публиката, а сега продолжува и со други активности.
Четвртата сезона на серијата „Убиецот на мојот татко“ („Убица мога оца“) ќе биде уште повозбудлива, а пејачката доби улога во оваа серија.
Пријовиќ ќе ја игра улогата на пејачката Миле и ќе се најде рамо до рамо со актерите Бане Томашевиќ, Вук Костиќ, Милена Васиќ и Марко Јанкетиќ со кои има заеднички сцени.
Пријовиќ не го криела задоволството што ќе биде дел од оваа серија.
„Бев воодушевена кога ме поканија да глумам во „Убиецот на мојот татко“. Освен тоа голема ми е чест да глумам со нашите познати актери, морам да признам дека ова ми е голем предизвик. Одлично се снајдов, а за деталите не можем да зборувам“ вели Александра за „Блиц“.
Нејзиниот сопруг Филип и рекол да прифати да се појави во серијата, а нејѕината кума Јелисивета и помогнала при подготвувањето на улогата.
За потсетување, Лепа Брена на почетокот на 80тите се појави како актерка и има снимено три дела од филмот “Хајде да се волимо“, па дали Пријовиќ побарала совети од Брена не знаеме, а како ќе се снајде како актерка останува да видиме.