Велат дека жините најчесто се одлучуваат за нов изглед и имиџ кога им се случува некоја промена или нешто ново во животот.
Ова правило очигледно важи за фолк пејачката Сузана Гавазова која неодамна се отсели од Шведска каде живееше и се врати на домашен терен, а веројатно тоа беше доволно за да направи стилска трансформација, најпрвин за себе, сопругот, па и публиката.
До неодамна Сузе беше во јатото русокоси, а неодамна се пофали со новата промена односно премина во црнокоси.
Меѓутоа, изгледа дека деновиве Сузи повторно направила нова промена. Овој пат ни црно коса, ниту русокоса.
Ако се водиме по последните нејзини објави на социјалните мрежи, Гавазова ја променила бојата на косата во кафеава.
Освен што сега е бринета, Сузе ја потскратила косата и има и шишки.
Под објавата имаше само позитивни и убави коментари за новиот изгледа на македонската пејачка.
„Вистинска мачка“, „Убавица и дама“, „Најубавото македонско девојче“ се само некои од коментарите.
Како ви се допаѓа новиот имиџ на Гавазова?