Живот и Стил

Како да препознаете дали вашето дете страда од нарушување на однесувањето?

Како да препознаете дали вашето дете страда од нарушување на однесувањето?

Нарушувањата во однесување спаѓаат во групата нарушувања што се појавуваат уште од раното детство и постепено се развива до возрасните години. Децата со оваа состојба често не го препознаваат проблемот и мислат дека другите треба да се сменат, а не тие самите.

„Често зборуваме за овие знаци на предупредување“, објаснува Рахил Бригс, психијатар и директор на Националната здравствена школа „Од три до нула“. „Но, тоа не мора секогаш да биде сигнал за клиничко нарушување, може да биде и суптилен знак за проблеми во развојот.“

Па, како да го препознаете ова кај нив?

(1)kako-da-prepoznaete-dali-vasheto-dete-s

Проблеми со спиењето
Нормалното спиење кај децата е 10 часа во текот на ноќта, додека депресивните деца често спијат и во текот на денот и се претерано поспани.

Децата со нарушување на хиперактивноста (АДХД) или нарушување на расположението (ДМД) потребни им се и неколку часа да заспијат, а потоа се будат по неколку пати во текот на ноќта.

Болки во стомакот
Болките во стомакот се вообичаена појава, но доколку се појавуваат чести болки кои не можат медицински да се објаснат, тие можат да имаат психолошки корени. Истражувањата покажале дека децата со анксиозност и депресија често имале хронични проблеми со системот за варење храна.

Опсесивни мисли или стравови
Кај децата со анксиозност, мислите им претставуваат секојдневен проблем. Кај оние со опсесивно компулсивно нарушување, најчести опсесии се безбедноста и бактериите. Детето кое страда од ова нарушување, ги мие рацете неколкупати во текот на денот, на тој начин смирувајќи си го стравот.

Стравот може да ја уништи рутината
„Детето кое е каснато од пчела може да почне да ги избегнува пчелите, но и понатаму нормално да си игра надвор“, вели д-р Керол Ветсмен, професорка по педијатрија на Универзитетот Јејл. „Треба да се загрижите доколку од убодот на пчела кај детето, тоа останува затворено дома и целото семејство ги менува плановите, избегнувајќи ги парковите или базените“.

Незаинтересираност за игра
Децата се прилично страсни, но депресивните малечки ретко која работа може да ги возбуди.

„Често можете да забележите незаинтересираност кај работите што порано им биле возбудливи“ вели д-р Џоан Луби, докторка која ја води програмата за рано емоционален развој на медицинскиот факултет во Вашингтон.

Изливи на гнев
Честите изливи на гнев, деструктивното однесување и другите знаци со абнормален интензитет, можат да бидат симптоми на нарушување на расположението, депресија и слично.

Грижа на совест
„Детето кое е склоно на депресија, често се чувствува лошо дури и за најмалите престапи и му е потребно многу разубедувања за да се чувствува подобро“, објаснува д-р Луби.

Неодамнешните истражувања на мозокот покажале дека делот ж наречен предна инсула кај децата кои се склони на чувствување вина е помал од вообичаено, што би можело да укаже на фактор кој може да предизвика депресија подоцна во животот.

Црни мисли
Во истражувањето на депресивните деца кои се во градинка, д-р Луби открила дека тие се однесувале морбидно за време на игрите кои сами ги измислувале. Тие се склони и кон самоповредување. На 6-годишна возраст, синот на Енџи, Вил, кој страдал од депресија, се самоповредил бидејќи имал тешка домашна задача.

„Се нарекуваше идиот и велеше дека никогаш нема да научи, а потоа си ја удираше главата од масата. Еднаш дури си го забоде пенкалото во рака“, се потсетува мајката.

извор: кафепауза.мк

To top