Радио Милева

Откако во медиумите се појави вест дека е фрлена бомба во вилата на Карлеуша, пејачката се огласи и ја откри вистината

Откако во медиумите се појави вест дека е фрлена бомба во вилата на Карлеуша, пејачката се огласи и ја откри вистината

Непознат напаѓач наводно фрлил бомба меѓу луксузната вила во населбата каде што живее Јелена Карлеуша, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата пристигнала на повик на граѓаните, а утврдено е дека е фрлена направа која наводно оштетила фасада и двор на една од вилите.

„Бомбата е фрлена во доцните вечерни часови, па е јасно дека напаѓачот сакал само да предупреди“ вели извор.

Полицијата не разговарала со пејачката, но доколку побара ќе биде направена истрага.

фото: Курир.рс

„Пејачката не пријави во полиција дека добила закани или предупредувања, но ќе се направи истрага. Се истражува дали бомбата е направена поради некој од граѓаните во таа населба. Меѓутоа, таа е прва на листата поради професијата со која се занимава“ вели изворот.

Откако во медиумите се појави оваа вест, Карлеуша се огласи на својот „Инстаграм“ и истакна дека ова е лага.

„Лага“ накратко прокоментира Јелена.

фото: Принтскрин/инстаграм
To top