Сите ние сме родени рецептивни за љубов, љубезност и надеж, а додека растеме се среќаваме со помалку надежни и попредизвикувачки аспекти за како да бидеме луѓе, вклучувајќи ги светските прашања како сиромаштијата и дискриминацијата, откривајќи дека понекогаш луѓето прават работи со омраза и нељубезност. Иако ова може да направи да се чувствуваме безнадежно, сепак луѓето се способни да дадат неверојатна љубов и прекрасна љубезност.
27-годишната Ешли Џост од Мисури, Америка, ја купила книгата „Девојко, престани да се извинуваш“ од Рејчел Холис. Ешли ја одбрала токму оваа книга за самопомош бидејќи се сетила на предизвикот за читање за кој таа и нејзините пријателки се пријавиле.
Ешли почнала да чита веднаш по пристигнувањето дома и не го открила изненадувањето сè додека не била прекината од нејзиното куче:
„Моето куче почна да лае, па станав и ја фрлив книгата на перницата. Одеднаш банкнота од 5 долари испадна од неа. Знаев дека тие не се мои пари, па разлистив низ страниците и видов розова налепница во книгата“.
Пораката гласела:
До личноста која ја купила оваа книга.
Имам тежок ден. Помислив дека можам да развеселам нечиј ден со ова мало изненадување. Купете си кафе, крофна или маска за лице.
Почнете да се грижите за себе уште од денес. Запомнете, вие сте сакани, неверојатни и силни.
Со љубов, Лиса
За да помогне да се шири оваа позитивност, Ешли го споделила овој момент на Твитер. Нејзиниот твит го привлекол вниманието на локалните вести откако бил ретвитнат илјадници пати.
Ешли одлучила да врати на љубезноста:
„Наместо еднократен чин на љубезност, одлучив да правам секој ден по една грижлива работа.“
Инспирирана од белешката на Лиса, Ешли се обидува да развеселува нечиј ден со купување кафе на непознат, со помагање кога ќе биде потребно, па дури и со оставање порака и подарок во книга, како што направила Лиса, во локалната училишна библиотека.
„Ги завршував сите пораки со зборовите коишто Лиса ги напиша за мене: ‘Запомни, ти си сакана, неверојатна и силна личност’“.
Идентитетот на Лиса останал непознат, но Ешли се надева дека таа знае колку нејзиниот гест допрел до срцата на луѓето, и како нејзината порака за самопочитување и љубезноста кон другите се шири.
извор: Курир.мк