Децата, а особено бебињата, за разлика од возрасните бараат посебна заштита на кожата од сонце.
Нивната кожа е многу почувствителна од кожата на родителите и ако незаштитена е изложена на сонце, брзо може да дојде до оштетување и изгореници.
Дали треба да купиме посебен фактор за сонце за најмалите? Експертите велат дека не мораме!
„Кога зборуваме за крема за сончање, многу поскапо не значи и подобро. Најдобро е да купите фактор кој вашите деца најмногу ќе сакаат да го нанесуваат. Можеби ова ви звучи неверојатно, но постои разлика во чувството кога нанесувате различни креми, па не би било лошо да запамтите која крема вашето дете сака да ја нанесува и задржете се на неа“, вели дерматологот Метју Гас.
Според негово мислење, децата треба да бидат намачкани со фактор 30 и кога не е лето, односно од март до октомври.
Важно е факторот за сончање да има заштита не само од УВ, туку и од УВБ зрачењето.
СПФ е ознака која ве штити од УВБ зраците или од настанување на црвенило на кожата, а од УВ зраците треба да се штитиме преку цела година.
извор: точка.мк