Победничката на реалното шоу „Задруга 2“, Луна Џогани откако излезе од шоуто, одлучи да тргне по стапките на нејзината мајка Анабела.
Имено, Луна одлучи да започне музичка кариера и да ја сними својата прва песна.
По тој повод таа пристигна во Скопје и во студиото на Дарко Димитров со кого Луна ќе соработува.
Таа во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од студиото на Дарко и во описот напиша:
„Најубавиот ден во мојот живот“ порача Луна.
Не се сомневаме дека Димитров ќе направи одлична песна, а како ќе звучи останува да видиме.
Дотогаш погледнете дел од атмосферата од студиото и дел од песната на Луна.