Живот и Стил

Брз, сочен, превкусен – домашен сладолед од праски

Брз, сочен, превкусен – домашен сладолед од праски

Сезоната на сочни праски е тука, па да го искористиме секој ден уживајќи во оваа превкусна овошка. Од неа направете сладолед на брз начин, а во вкусот сами ќе се уверите.

Намирници – 3 зрели праски, 2 лажици сок од лимон, 1 филџан шеќер, 2 филџана кисела павлака.

Подготовка
Излупете ги праските и од нив отстранете ги семките. Измерите 400 грама „месо“ од праските и исечете ги на коцки. Праските и сокот од лимон измешајте ги заедно во блендер се додека не добиете компактна смеса. Додадете го шеќерот и киселата павлака, па повторно се заедно измешајте.

Смесата претурете ја во плиток сад, покријте ја и замрзнете ја.

извор: макмода

To top