Лековитоста на морето е одамна потврдена, но не само поради пливањето, туку и поради шетањето на песок, воздухот и сонцето.
Британското здружение за дерматолози истакнува дека многу делотворно е и седењето покрај морето и гледањето на брановите. Воздухот и мирисот ослободуваат диметил-сулфид кој директно делува позитивно на дишните патишта. Тоа има одличен ефект кој се изразува преку добар сон и слободно движење на крвотокот. Негативните јони се борат и против слободните радикали, воспоставувајќи рамнотежа на хормонот на среќа и задоволството.
Минувањето време покрај море го ублажува и дерматитисот, односно морската сол и калиум хлоридот го успоруваат зараснувањето на кожата, повлекувањето на егземите, а се препорачува и како лек за синуси, алергија и настинки. Благодарение на сонцето, организмот добива и неопходна количина витамин Д кој делува на коските, мускулите и имунитетот.
извор: Курир.мк