На сите во некој момент ни треба брзо решение што ќе ни помогне да симнеме неколку килограми во краток рок. Најдобри резултати даваат решенијата што му годат на стомакот, а токму такво е палентата.
Сложените јаглени хидрати во комбинација со влакната од палентата долго се варат, па подолго ќе ве држат сити, а притоа го стимулираат доброто варење и спречуваат запек, кој е честа последица на брзите диети.
Од друга страна, диетата со палента што трае 4 дена ќе му ги обезбеди на вашето тело неопходните витамини и минерали, ќе ви ги прочисти цревата и ќе ви го забрза метаболизмот. Исто така, палентата ќе ви помогне да го намалите холестеролот во крвта.
Прв ден
400 грама палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода
Втор ден
Дуплирајте го менито од првиот ден.
Трет ден
400 грама палента, салата од 300 грама зелена салата, 200 грама свежа зелка, 2 моркова, малку лимонов сок и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 шолји зелен чај без шеќер
извор: убавина и здравје