Живот и Стил

Како да го отстраните непријатниот мирис од обувките

Како да го отстраните непријатниот мирис од обувките

Непријатниот мирис обувките го попримаат поради бактериите на кожата. Ако не можете да ги исперете, барем оставете ги на воздух да се исушат и да се изветреат пред следното облекување. Ако тоа не помага, можете да испробате некои од овие трикови за да ги освежите чевлите.

Етерично масло од лаванда
Ставете неколку капки етерично масло во обувките. Делува антибактериски и има пријатен мирис.

Вата
Натопете парчиња вата со етерично масло, најдобро од лимон или друг цитрус, па ставете ги натопените топчиња вата во обувките. Нека останат во текот на ноќта, а до утрото непријатните мириси ќе исчезнат.

Весници
Изгужвајте еден лист од весник како топка и ставете го во чевлите. Хартијата ќе ја упие влагата и мирисот.ж

Мелено кафе
Меленото кафе ги упива мирисите. Ставете по една вреќичка со кафе во чевлите. Оставете ги преку ноќта ама внимавајте кафето да не дојде во допир со чевелот бидејќи може да остави дамки.

Сода бикарбона
Зрнцата од сода бикарбона се „однесуваат“ како мали сунгерчиња кои упиваат мириси. Ставете сода бикарбона во чевлите и оставете ја колку што можете подолго. Подоцна само истресете ги чевлите. Мирисите ќе исчезнат.

извор: слободен печат

To top