Живот и Стил

Стар рецепт за локум: Готов за 15 минути

Стар рецепт за локум: Готов за 15 минути

Стар десерт кој лесно се подготвува…

СОСТОЈКИ:
380 мл вода
300 гр шеќер
250 мл сок од портокал
140 гр пченкарен скроб
3 лажици сок од лимон
3 лажици пченкарен скроб за посипување
1 лажица шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте вода, сок од портокал и шеќер па додајте пченкарен скроб. Сѐ ставете на рингла и непрекинато мешајте додека сѐ не згусне како пудинг. Масата тргнете ја од рингла па додајте 3 лажици сок од лимон па добро измешајте.
Префрлете во огноотпорен сад и оставете да се излади. Кога ќе се излади, исечкајте на коцки, па извалкајте ја секоја коцка во комбинација од пченкарен скроб и шеќер.

извор: готви.мк

To top