Стефан Живојиновиќ вели дека Лепа Брена едвај чека да тој да добие дете зошто тогаш ќе го добие своето прво вистинско внуче.
Семејството Живојонивиќ во март оваа година доби нов член, односно синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.
Младиот пејач истакна би сакал да се ожени и да добие дете.
„Брена и Бобо ќе бидат воодушевени кога ќе застанам пред и ќе им кажам дека се женам. Добро ќе ми дојде син или ќерка, а на нив внуче, па Брена конечно ќе стане баба“ вели Стефан и додава дека за него бракот е многу сериозна работа.
„Родителите никогаш ништо не ми викаа за девојките бидејќи вниматлено бирав. Не можам да се заљубам на прв поглед и веднаш да се оженам. Треба ми две, три години добро да ја запознам таа личност и да знам дали навистина ме сака, па дури тогаш да размислувам за свадба“ вели младиот пејач.
Важно му е неговата девојка да биде самостојна.
„Важно ми е да има своја работа и амбиции. Што ќе ми е девојка која гледа во мене како теле“ вели синот на Брена, па додава дека му се допаѓаат многу девојки од естрадата, но дека сака неговата идна партнерка да не е јавна личност.