Во 2016 година на своја 14-та година, малечката и талентирана ѕвездичка од Македонија, Лина Пејовска, со својот специфичен глас и талент го освои жирито на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.
Оттогаш, музиката е секојдневие за Лина чиј пат кон популарноста и музичката сцена одат само во нагорна линија.
Неодамна го освои и жирито во регионалното музичко шоу во Хрватска, „Ѕвезди – летен хит“.
View this post on Instagram
Како секогаш и овој пат Лина повторно „растури“ на музичката сцена.
Неоспорни се талентите на македонското девојче, па така секогаш кога ќе го пушти својот глас знае да растури и да покаже како се пее.
Меѓутоа, можеби не се познати многу детали од нејзиниот приватен поточно љубовен живот.
Имено, Пејовска одговараше на прашања на „Инстаграм“, а едно од нив беше дали има момче.
Пејачката даде краток одговор, па откри каков е нејзиниот љубовен статус.
„Најчесто поставувано прашање, немам дечко“ одговори Лина.
Меѓу прашањата се најде и дали ја познава учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, Милица Чикариќ, а Пејовска одговори дека за неа Милица е победник.
За потсетување, кога излезе песната „Ране“ на Анастасија Ражнатовиќ, младата македонска пејачка направи кавер од истата, а Ражнатовиќ и поласка на македонското девојче.