Промотер

„Ај Кју“ со „Love Me, Hate Me“ го бараат патот до британските топ-листи (АУДИО)

„Ај Кју“ со „Love Me, Hate Me“ го бараат патот до британските топ-листи (АУДИО)

Бојан и Марија, членовите на скопското дуо „Ај Кју“  продолжуваат со обидите за освојување на музичката сцена надвор од Македонија со штотуку објавениот сингл „Love Me, Hate Me“. Тој e најнов во низата испеани на англиски јазик, започната со минатогодишниот евровизиски сингл „Lost And Found“. Она што особено може да се забележи во новата песна е влијанието на британскиот поп звук, што сигурно е резултат од нивниот претстој во Лондон, а токму таму денеска ќе се случи и премиерната изведба во живо.

Дуото изминатиов период беше актуелно и со синглот  „Dancin“ како и со бројните гостувања ширум светот, во рамките на евровизиската турнеја низ Европа и Асвтралија.

Дали токму „Love Me, Hate Me“ ќе успее да ги лансира на престижната британска топ-листа, а и да им биде и мост до другата страна на Атлантикот, ќе дознаеме во периодот што следува.

Во меѓувреме уживајте во звуците на  „Love Me, Hate Me“.

 

To top