Иако нè учеле дека вистинската дама секогаш седи со прекрстени нозе, особено доколку носи здолниште или фустан, експертите предупредуваат дека таквата положба на телото е ризична по здравјето.
Освен што може да предизвика вкочанетост на нозете поради притисокот на нервот над колената, може да предизвика и привремен пораст на крвниот притисок. Кога вашите нозе се прекрстени, доаѓа до спречување на протокот на крв. Зачестеното седење во таквата положба може да доведе и до настанување на проширени вени.
Ризикот е поголем доколку секојдневно седите со прекрстени нозе повеќе од 10 минути. Затоа, пред да одлучите да изгледате префинето со ваквиот дамски став, добро размислете за можните здравствени последици.
извор: точка.мк