Живот и Стил

Сончаница и топлотен удар: Како да се заштитите?

Сончаница и топлотен удар: Како да се заштитите?

Пет чаши вода дневно се доволни за хидратација на деца од 5 до 8 години, седум чаши за деца од 9 до 12 години, а осум до десет чаши вода за деца постари од 13 години и за возрасни.

Главни непријатели на нашиот организам во летниот период се сончаницата и топлотниот удар, кои последниве години се во значителен пораст поради климатските промени и глобалното затоплување.

Подолго изложување на главата на сонце, особено директна изложеност на висока температура, доведува до сончаница. Притоа температурата во главата значително се зголемува. Симптомите почнуваат со силна главоболка и со зголемување на телесната температура. Често можат да се појават поспаност и вртоглавица, зуење во ушите или краткотрајна загуба на слухот. Кај помладите кои долго се сончаат чести симптоми се умор и малаксаност, а кај постарите може да дојде и до несвестица.

Топлотен удар може да настане не само поради прекумерно изложување на сонце, туку и поради влажен и презагреан воздух, бидејќи во такви услови е отежнато потењето, а се јавува најчесто кај работници во пекарници, кујни, но и во презагреан автомобил, неклиматизиран јавен превоз.

Симптоми се силна главоболка, сува кожа, постојано зголемување на телесната температура, вртоглавица, немир, поспаност и повраќање, зуење во ушите, пореметување на видот.

При топлотен удар или сончаница, мора веднаш да се почне со разладување. Важно е постепено разладување со ставање ладни облоги сè додека температурата не се врати во нормала. Многу е важно да се надомести изгубената течност и минерали, да се даваат ладни напитоци, но да се избегнуваат пијалаци кои влијаат на крвотокот, особено кафе и алкохол.

Препораки на експертите
Пет чаши вода дневно се доволни за хидратација на деца од 5 до 8 години, седум чаши за деца од 9 до 12 години, а осум до десет чаши вода за деца постари од 13 години и за возрасни.

Јадете свежо овошје и зленчук, немасно месо и риба, житарки, семки и немасни ферментирани млечни производи (јогурт, кефир), чорби и супи за надоместување на електролитите изгубени со потењето.

Избегнувајте обилни оброци, масна храна која тешко се вари, засладени и газирани сокови, алкохолни пијалаци и пијалаци богати со кофеин поради опасност од дехидрација на организмот.

извор: слободенпечат

To top