Деновиве како бомба одекна веста за разводот на претседателот на Кошаркарската федерација Перо Антиќ и неговата сопруга Ружица.
Естрадниот магазин „Бекстејџ“ ги има детали за разводот на Перо и Ружица. Како што пренесува „Бекстејџ“, Антиќ се развел од сопругата пред неколку месеци.
Наводно, старателството на децата припаднало на Ружица. Семејната куќа во која живеа сите овие години исто така и припаднала на Ружица, а Антиќ се преселил во станот на Водно каде што живее сам, тврди естрадниот магазин.
Се шпекулира дека имотот и милионите кој Перо Антиќ ги заработил од својата кариера ги поделиле 50 – 50.
Наводно, одлуката за развод не ја донеле преку ноќ туку пред тоа следеле низа кавги и расправии.
Познатиот пар се уште не огласи за нивниот развод.