Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ тргна по стапките на неговите мајка и заплива во музичките води.
Имено, Стефан првпат пред македонските медуми проговори за својот живот и како е да се биде син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.
„Одлично, како може да биде. Од една страна е многу убаво да имате такви два примери, какви да бидете и да видите како некој е голем човек. Да остане нормален и да го зачува семејството. Од дома па до јавната сцена, тие ни се пример“ вели Стефан за „Ексклузив“.
Во интервју за „Ексклузив“, Стефан проговори за написите кои се појавуваат во медиумите, за иселувањето од својата куќа, за девојките и дека е слободен.
Тој откри дека ужива во својата слобода и дека нема девојка, но дека за него не е важна само убавината туку и енергијата.
„Уживам во своите години, кога ќе дојде време да бидам сериозен ќе бидам сериозен“.
Стефан првпат пред македонските медиуми проговори и за немилата случка која му се случи пред неколку години, односно кога беше киднапиран, а Брена и Бобо мораа да платат два ипол милиони марки за да го добијат синот назад.
На прашањето за оваа тема Стефан пред камерите на „Ексклузив“ не сакаше многу за зборува.
„Јас реков дека за тоа нема да зборувам во своите интервјуа и нема да ја користам оваа тема за телевизиите. Им праќам позитивна енергија на луѓето, знам каков е проблемот. Иако во мојата ситуација сум добро обезебеден, свесен сум што се случува не само кај нас туку и во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија“ вели Стефан.
Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу.
https://www.facebook.com/www.1tv.mk/videos/375071573151844/