Сите навикнаа да ја гледаат Јелена Карлеуша во екстравагантни стајлинзи, но сигурно никој не остана имун на тоалетата која ја носеше на финалето на „Ѕвездите на Гранд“.
Фустанот во смарагдна нијанса, со отворен грб украсен со кристали, ги мамеше погледите на присутните, особено што отворот беше длабок во пределот кај задникот.
Додека мажите „плакнеа очи“, припадничките на понежниот пол веројатно се запрашаа колку чини оваа креација?
На еден Инстаграм профил кој се занимава со следење на стајлинзите на пејачката, се појавија информации за вредноста на фустанот.
Иако овој пат не беа прецизни во целост, со оглед на тоа дека ваков фустан се изработува по нарачка, висината на цената која ја објавија е повеќе од импозантна. Наводно, вредноста на една ваква тоалета е меѓу 1200 до 6800 евра. Вистинска ситница, зарем не?