Српскиот фолкер Дарко Лазиќ е феномен. Минатата недела по долгото натегање и официјално се разведе од својата прва сопруга, пејачката Ана Севиќ, оваа недела со својата свршеница Марина го доби синот Алексеј, а веќе следната седмица би повторно да се венча!
„Додека не излезат од породилиштето, ќе прославам, а во среда правам голема забава, каде што ќе ги повикам сите луѓе што ги сакам“ – најави Лазиќ, и ги откри деталите за претстојната свадба:
„Не можам да дочекам да се оженам за мојата Марина! Таа беше со мене во добро и лошо кога бев на работ од животот и смртта. Само со неа ја гледам иднината. Сакам да направам огромна свадба со 500 гости, но сѐ уште не го знам точниот датум. Тоа сигурно ќе биде час побргу, најдоцна до крајот на годината. Сакам да бидам со сите оние кои Марина и јас ги сакаме, па за тој радосен чин ќе имаме многу гости“.