Иако има многу инсекти кои сакаат да бидат во ваша близина, како и сите инсекти кои помагаат да се заштитат или опраши нашата градина, никој не сака предаторски инсекти, како што комарци и муви.
Не само бубачките што предизвикуваат чешање и воопшто не се пријатни, но многу инсекти се носители на болести и инфекции.
За да уживате ова лето и да се чуствувате попријатно, помалку да сте загрижени од комарците, ќе ви претставиме еден рецепт како да ги спречите инсектите да ги има помалку во вашата околина.
Мрежи против инсекти и долги ракави на гардеробата помогаат, но најголем поттик за релаксиран вечерна забава може да биде неколку тегли наполнети со мешавина која може да ја направите во домашни услови.
СОСТОЈКИ:
– Тегла,
– Лимони,
– Лимета,
– Вода,
– Свеж рузмарин,
– Фитил,
– Етерично масло од лаванда,
– Етерично масло од кедер,
– Етерично масло од темјан,
– Етерично масло од лимон.komarec
Како да го приготвите :
Во секоја тегла ставете по две парчиња лимон и лимета, и по две гранчиња рузмарин.
Наполнете ја секоја тегла до врвот со вода.
Потоа додајте по 10 капки од секое етерично масло во теглата, а потоа додајте уште 1 парче лимон или лимета. На крај ставете го фитилот.
Уживајте во летните денови!
извор: Курир.мк