Овен (21.03 – 20.04)
Подготвени сте максимално да се ангажирате во некои активности кои би можеле да значат често отсуство од местото во кое живеете. Не сакате премногу да се оптеретувате со она што за вас се зборува, важно ви е на најлесен и најпрактичен начин да ја решите дилемата со инвестирањето на пари или отплата на некој долг. Подготвени сте да прифатите совети од некој Бик или Рак.
Бик (21.04 – 21.05)
Многу ви е важно што за вас мисли некој Рак или некој Бик. Со некој Јарец тактизирате, не сакате сеуште да ја испуштите приликата која се однесува на можно напредување, иако, ако долг период сте незадоволни, подготвени сте да направите голем пресврт во работата. Добрите односи со лицата кои се присутни во јавноста ви значат многу, особено ако се работи за оние кои се обидуваат да ве наговорат на некој заеднички бизнис.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Свесни сте колку е важно тоа што луѓето околу вас го мислат но многу поважно ви е вие да бидете задоволни самите со себе. Малкумина ве разбираат и малкумина се подготвени да го направат она што вие го очекувате, особено ако сте млади и недоволно афирмирани. Трудете се да оставите што е можно подобар впечаток кај некој Бик, Јарец или Шкорпија. Месечината во вашиот знак ве прави подготвени да ги претставите вашите идеи на некој за кого не сте сигурни што ќе ви предложи или дека вашите идеи ќе му се допаднат.
Рак (22.06 – 22.07)
Вашата финансиска ситуација веќе подолго време е лоша, но тоа не значи дека треба да паѓате во депресија. Вашиот претпоставен ќе почне некој нов проект, кој ќе бара и ваше приспособување. Она што треба да се случи – ќе се случи без разлика на се .Затоа не избрзувајте. Денешниот ден ќе ви донесе нешто убаво што е поврзано со семејството, а можете да се надевате и на помала парична добивка. Доколку партнерот бил на пат, средбата нема да помине според очекувањата.
Лав (23.07 – 22.08)
Се чувствувате добро во поголемо друштво каде вниманието е насочено кон вас и постојано се трудите некого да фасцинирате. Имате многу идеи во врска со работата со младите лица но не сте сигурни дали ќе бидат прифатени на прав начин од вашите колеги. Деловниот партнер може денес како најважен момент во вашата соработка да ја истакне потребата за јасно дефинирање на финансиските односи. Подготвени сте да преминете преку нешто што не ви одговара со цел да продолжи соработката.
Девица (23.08 – 22.09)
Не треба да ги потценувате своите работни способности, но немојте ниту да се преценувате. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос. Потрудете се да ги контролирате мааните. Пред вас има доволно поволни моменти. Не ја пропуштајте секоја шанса која ви е понудена. Поминете повеќе време со блиските.
Вага (23.09 – 22.10)
Колку повеќе личности запознавате, толку посреќни ќе се чувствувате. Па затоа, започнете да разговарате со колегите или познаниците со кои досега не сте си разменувале повеќе од еден обичен поздрав. Напорите кои ќе ги вложувате за проширување на друштвената мрежа, еден ден ќе ви се исплатат. Вие знаете да најдете сила да продолжите тогаш кога сите други би се откажале. Токму таа способност ќе ве истакне пред другите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Стравувате дека некој може да ви направи лоша реклама и за вас да каже невистини или можеби без лоша намера за вас да каже нешто што вие сте му го кажале со доверба. Финансиската ситуација не ве загрижува посебно, имате на кого да се потпрете и доволно планови кои во брзо време би можеле да се реализираат. Очекувате поддршка од влијателни лица, но освен еден Јарец, една Вага и Бик вие немате многу добри пријатели на кои можете да им се доверите за вашите проблеми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е истакнато асролошкото поле на јавноста и тајните непријатели. Многумина мислат дека се инаетите, но вие сте само принципиелни. Во попладневните часови би требало да се слушнете со некој Јарец, Шкорпија или Бик околу продолжување на соработката. Знаете добро што за вас би било најпрактично решение. Можно е среќавање со некоја Вага, Близнаците сакаат да ви помогнат да се снајдете на новата работа, но прашање е дали тие тоа го можат или само ќе ви попречуваат во она што го работите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некакви социјални прилики, драми или пријатели ќе се обидат да ви ја намалат енергијата и веројатноста да успеат е голема, но можностите се такви со што лесно можете и вие да бидете тие што ќе предизвикате некаков мал скандал, расправија со пријател, или некакво ненадејно и брзо завршување на некои работи кои ги работите подолг рок. Можеби и некакви неповолности или опасности ќе бидат врзани за пријатели, кои можат да се случат ненадејно во утринските часови.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во работа овој период ќе бидете неконвенционални и оригинални. На околината ќе и се допага вашата ексцентричност.Ќе бидете расположени за зборување а помалку за работење. Можеби една од причините е тоа што вашата моментална работа повеќе не ви се допаѓа, вие би сакале нешто ново, нешто повозбудливо. Но само на момент сетете се дека сега не е ни време ни место за вакви размислувања. Обидете се да останете онаму каде што сте , да го задржите истото, во спротивно може само да се придружите на оние во агенцијата за барање работа.
Риби (20.02 – 20.03)
Месечината во транзит преку Близнаците ви наметнува размислувања за домот, проблемите кои можете да ги имате поради расправата со нив или поради несогласувањата со роднините. Сепак, би требало да се поставите малку потолерантно кон оние кои не мислат како вас. Очекувате повик од странство и веројатно ќе ви се јави личност на која интензиво мислите и со која сакате да ја продолжите соработката. Многумина мислат дека би требало да ја искористите можноста која ви се укажала на деловниот план и за која долго сте размислувале или сте биле оптеретени со неа.
извор:скопје24.мк