Радио Милева

Животот не го галел: На 13 години почнал да заработува, работел што стигнал, а синоќа триумфираше во „Никогаш не е доцна“

Животот не го галел: На 13 години почнал да заработува, работел што стигнал, а синоќа триумфираше во „Никогаш не е доцна“

Бејхан Рамов беше прогласен за победник, според гласовите преку СМС, минатата ноќ во финалето на натпреварот “Никогаш не е доцна”, а за него не престанува да се зборува низ целиот регион.

Бејхан Рамов има 45 години и доаѓа од Битола, Македонија.

Почнал да работи со музика на возраст од девет години, кога почнал да пее големи турски хитови, бидејќи неговата мајка по потекло е Турчинка.

фото:блиц.рс/принтскрин

Со мајка си ја засакал турската музика, а животот не го галеше, и уште како дете почна да заработува пари.

На 13-годишна возраст, почнал да работи во градежништво и ѕидарски работи, а потоа како помошник на мајсторите.

Се оженил на шеснаесет години и сега има три деца и еден внук. По професија, ѕидарот Бејхан, дури и кога склучува договори за работа, бара дозвола додека да може и да пее.

фото:никогаш не е доцна/инсатграм

– Се чувствувам добро, сакам да пеам на турски и на српски … Идол е мојот Шериф Коњевиќ, мојата желба е да се сретнам со него – рече Бејхан минатата ноќ за српски”Блиц”.

To top