Наташа Беквалц открива дека по семејното насилство, сила пронашла во љубовта кон најблиските. Пејачката се чувствува исполнето и среќно, а требало да премине преку тежок период, како што самата истакнува.
-Мој совет со сите жени кој во животот наидуваат на толку големи препреки, е да пронајдат сила и љубов кон своите деца, својата работа и луѓето кои ги сакаат. Ништо не е тешко кога знаете поради што и за кој живеете. Лошите нешта за мене се минато, сега се чувствувам навистина среќно и ми изгледа дека никогаш не сум имала толку енергија, вели Наташа.
На Лука Лазукиќ судот оваа година му изрече казна од осум месеци затвор, односно три години условно. Што се однедува на мажите и дали повторно би застанала пред олтар, Беквалац вели дека тоа нема да се случи.
-Мисалам дека таков маж не постои. Иако медиумите ме поврзуваа со мажи кои никогаш не сум ги видела и запознала, како и со колеги покрај кои седам на јавни случувања, во мојот живот веќе долго време не постои ниеден маж и среќна сум поради тоа. Едноставно, не ми е потребен,заклучува Беквалац за српски Hello.rs.