Најновата снимка од една грчка плажа ги запрепасти сите и за брзо време стана едно од најпопуларното видео.
Не неа се гледаат две змии во лута борба или љубовна игра при парење во близина на поставените лежалки на плажата, кои на момент изледаат како двоглава змија која излегува од под каменот на песокот. Ова сигурно ќе ги натера сите да внимаваат повеќе кога газат по врелиот грчки песок.
Исто така пред неколку дена за прв пат беше забележана чудна риба на плажите на Неи Пори.
Чудната и досега не забележана риба во ова место се вика „риба пајак“ а како што пренесува српски „Телеграф“, годинава туристите се жалеле дека се појавила нова опасна риба, а една Србинка дури и била ранета од рибата во пределот на палецот од ногата.
Исплашена и во паника, ранетата туристка веднаш побарала лекарска помош, при што докторот и рекол дека имала голема среќа што веднаш се јавила во амбулантата, бидејќи се работи за отровна риба. Србинката најпрво примила инјекција во палецот, на она место каде што бил убодот, а потоа примила и антибиотик.
Оваа опасна риба ја карактеризираат високо поставени очи, долната вилица е подолга од горната вилица, и шарите на грбот. Од долната страна има боцки свртени наназад, а слични боцки има и на првата грбна перка. Токму со убодот од овие боцки, Морскиот пајак го внесува отровот во телото на жртвата со драматични последици, а некогаш во минатото кога немало адекватна медицинска помош сето тоа резултирало со смрт.
Според други туристи, оваа риба ја имало и во Паралија, која исто така важи за едно од најпосетените места кога станува збор за летувањето на македонските и српските туристи.
Затоа, доколку ги водите децата на летување во областа на Олимписката регија, заради превентива понесете им пластични сандали за во вода, кои не е лошо и вие да ги имате.
Фото: А. Налбантјан/ Профи медиа
Видео: Крисантос Хаџимаркос/Фејсбук