Актерката Гордана Бјелица беше секс-симболи во деведесеттите години, кога многумина воздивнуваа по сексапилната секретарка Беба на Попара, во серијата “Среќни луѓе”.
Гордана Бјелица по “Среќни луѓе” гледачите имаа можност да ја видат во серијата “Подобар живот”, каде играше проститутка, “Горе долу”, каде што, исто така, играше секретарка или “Семејно богатство”, како мајката на Лена.
Бјелица потоа се повлече од глумата, а по 2000-тата и се обиде повторно на малиот екран во серијата “Селани”.
Без оглед на ангажманот, таа никогаш целосно не ја постигна очекуваната слава и не стана ѕвезда.
Убавата актерка во 2013 година беше учесник и во реалното шоу “Фарма”. За многумина, тоа беше лош потег, бидејќи таму се бакнуваше со покојниот Екрем јевриќ и Ера Ојданиќ, а по напуштањето на реалното шоу таа немаше пари ниту за такси за да се врати дома!
Сега нејзината титула ја презема нејзината ќерка Теодора Бјелица. Контроверзниот филм “Afterparty”ја прикажува Теодора во доста интригантна улога.
Во овој филм, таа игра девојка од Шпанија, која по една луда забава во клубот завршува во кревет со момче и девојка, а во овие секси сцени, гледачите имаа можност да го видат голото тело на Теодора.
„Пред да влезам во зрела возраст, имав брак во кој не успеав да станам мајка и заврши со договор на двете страни. Сепак, по разводот, влегов во фатална врска во која останав непланирано бремена. Одлуката да имам дете беше само моја, затоа што верувам дека секоја жена кога е во можност да стане мајка треба да се реализира.
Кој е таткото на Теодора, знаеме само јас, тој и таа. Имавме сериозен разговор на таа тема кога јас тоа и го објаснив на неа и повеќе за тоа не зборуваме“, изјави еднаш Гордана.