Ова е годишниот хороскоп на сите дванаесет знаци за наредната, 2018 година, изработен од најпознатите експерти за хороскоп во САД. Побарајте се себеси во него.
ОВЕН 21.03 – 20.04 Почетокот на годината напорен, но од јули 2018-та следи период на олеснување. Партнерските, брачните и работни односи ќе бараат зголемени анганжирања од Вас. Ќе се менувате во односите со другите. Со менувањето ќе научите да прифаќате да бидете критикувани. За промена ќе бидете отворени за соработка, искуството на постарите ќе ви значи, ќе го почитувате и ќе го прифатите. Новите работни предизвици ве покренуваат, но оваа година тие ќе бидат повеќе приватни и со пријателите. Со влегувањето на Сатурн во Лав крајот на јули 2018 год. ќе здивнете. Со негова помош, побавно но сигурно ќе решите многу од постоечките проблеми приватно кои долго ги имате. Ќе стигнат и наградите од вложувањата во работата. Од ноември 2018 год. Јупитер влегува во Скорпија и Вие повторно ќе се покренете во нови подвизи, нормално на полето на работата. Таа ви е пред се.
БИК 21.04 – 20.05 Во првите шест месеци од 2018 планетите ќе ви бидат наклонети и ќе ве поддржуваат во се што работите и во она што мислите да го започнете, посебно кога е работата, односно образованието, во прашање. Ќе ја имате наклоноста на претпоставените, финансиите ќе ви одат од рака, а имате и многу можности за унапредувања во работата. Но со влегувањето на Сатурн во Лав подгответе се наредните две години на новините кои следат. Тој ќе ве менува. Следат промени во домот, кај емоциите а Биковите тоа тешко го прифаќаат. Сакате работите самите да ги контролирате, но со влегувањето на Јупитер во Скорпија која е спротивно поставена на вашиот знак ќе бидете немоќни нештата да ги задржите по старо. Но ако нешто најубаво знаете тоа е тврдоглаво и упорно да се борите со проблемите.
БЛИЗНАЦИ 21.05 – 21.06 Во 2018 Близнаците ќе ја имаат поддршката од планетите. Плутон се уште е отспротива на вашиот знак, но на неговото делување се научивте, долго е таму и нема скоро да ве олабави. Убавата поддршка на Јупитер од Терезија ќе ја имате до крајот на 2018 год, тој ќе ви олеснува и ќе ве штити од непредвидливиот Уран кој е задолжен за изненадувањата. Летото кога Сатурн ќе влезе во Лав ќе живнете финансиски и по подолг период ќе го решите проблемот со долговите. Периодот од јули до октомври добар во домот и семејството, имате поддршка од планетите за нови вљубувања, забава, патувања. Преоѓањето на Јупитер од еден во друг знак нема да ви направи големи промени. Марс со своето ретроградно движење ќе ве раздвижи кон крајот на годината, но тоа и не е така лошо за забава – вие ја посакувате.
РАК 22.06. – 22.07 До почетокот на август 2018 год. кога Сатурн ќе го напушти овој воден знак напнатоста во домот и со роднините ќе ви одзема голем дел од времето и вниманието. Периодот од две напорни години ќе заврши и во втората половина од годината со многу олеснување ќе можете да се справите со останатото. Ќе продолжите да се справувате со проблемите, но овој пат енергијата ќе ја насочите кон финансиите, материјалното ви е втората битна работа после семејството. Со влегување на Јупитер во Рак емоциите ќе се стабилизираат, со финансиите одлично се справувате а со тоа за вас проблемите се решени. Дури и ретроградното движење на Марс во Бик кон крајот на годината ќе делува покренувачки и ќе ве мотивира јакнејќи ви ја тврдоглавоста која вашиот знак ја нема. Стрпливоста се уште ќе биде вашето најсилно оружје со која успевате да го добиете посакуваното.
ЛАВ 22.07 – 22.08 Овој огнен знак ќе ја памети 2018 год. Промените на планетите во втората половина на годината ќе дадат многу радикални промени професионално и приватно – со чувство дека се на крстопат во животот. За разлика од крајот, годината убаво ќе започне. Во првите шест месеци Јупитер од Терезија ќе дава многу позитивна енергија со која Лавовите ќе ја покажат креативноста во сите сфери од животот. Убава пролет, патувања и заслуги кои одамна се чекаат. Есента ќе започнат нервозата и проблемите. Ќе ви треба многу самоконтрола, стрпливост и флексибилност да излезете на крај со кризниот период. Но искуството и поуките кои ги имате извлечено од минатото многу ќе ви помогнат негативните промени да ги свртите во своја корист. Како борец кој е научен да владее со ситуацијата Лавот тешко се обесхрабрува, тешко дека проблемите можат да ве турнат на грб, оти цврсто стоите на земја во секоја ситуација, ја имате контролата.
ДЕВИЦА 23.08. – 22.09 Ако претходната година Јупитер го штитеше овој земјен знак, 2018 Девицата дадената позитивна енергија корисно и конструктивно ќе ја искористи. Нервозно ќе започне но потоа следат многу пријатни изненадувања посебно приватно. И овој знак ќе има многу корист кога Јупитер ќе го смени знакот особено крајот на годината кога тука ќе му помогне и Марс од сродниот знак на Бик. Овој транзит ќе ви ја олесни работата штитејќи ве од било каква тешкотија, едноставно работите лесно ќе ви одат. Ќе станете свесни за сопствените вредности, ќе знаете она што е најубаво практично и добро да го покажете. 2018 год. ќе биде добра по вас за вложување, за брак и за се што сте наумиле. Ќе има периоди кога ќе бидете збунети од леснотијата со која ви се одвиваат работите, вие не верувате во среќа, а сте премногу скромни да признаете дека тоа е ваша заслуга. И вие некогаш треба да се опуштите и да уживате во животот.
ВАГА 23.09 – 22.10 Овој знак ќе ја има заштитата на Јупитер во текот на речиси цела 2018 год. До ноември сите дадени шанси ќе ги искористите, ќе ја имате неговата поддршка за менувања во работата, за изгледот и здравјето. Лагодноста во првите десет месеци не смее да ве занесе за крајот на годината грубо да не ве отрезни. Сатурн во Рак ќе ве закочува додека не го смени полето. Неговите аспекти ќе ве враќаат во нормала кога ќе претерате со задоволствата. Тој ограничува и не’ тера одвреме-навреме на откажувања што вам ви годи, ги почитувате границите особено кога се исправни. Со него ќе направите некои радикални промени кои свесно ги одбегнувате, а се потребни. Крајот на годината ќе се посветите на работата не запоставувајќи го приватниот живот. Терезијата најубаво знае да ги подели работите недозволувајќи некој да и’ одземе од задоволствата кои ја исполнуваат и ја прават среќна. Вие постојано ја имате насмевката од која никогаш не се откажувате.
СКОРПИЈА 23.10 – 22.11 Искористете ја првата половина на годината за планирање за во вториот дел тоа и да го реализирате. Влегувањето на Јупитер во вашиот знак ќе ви даде многу олеснувања. Но нема се да оди како што сте наумиле, ќе имате незгоди од ретроградниот Марс и од Сатурн во Лав. Но со тоа нема да застанете, напротив вашата упорност тука ќе се покаже, Скорпиите не се откажуваат а најмалку се повлекуваат. Летото Сатурн ќе ви помогне во планирањето и организацијата за крајот на годината подготвено да го дочекате. Одлучно се справувате со се, не дозволувате никому и на ништо да го поремети вашиот мир. Радикалните промени кои ќе ги направите кон крајот на 2018 нема да ве променат. Скорпиите имаат најсилна контрола на емоциите и не дозволуваат истите да им попречат кога треба да донесат битни одлуки.
СТРЕЛЕЦ 22.11 – 21.12 Вашиот владетел Јупитер ќе ве штити речиси цела 2018 год. од знакот на Терезија. Ова ќе биде година кога ќе имате можност да ги остварите желбите и плановите кои се од долгорочно значење. Без разлика дали станува збор за љубов, финансии, работа вие ќе ја имате помошта од другите. Вашите пријатели ќе бидат вашето најсилно оружје. Пред вас е година на активен друштвен живот, склопување нови пријателства, година на многу патувања. Најдобрите резултати сепак ќе ги постигнете со тимска работа и соработка. Во 2018 нема ни вас да ве одбегнат искушенијата и потребата за воведување ред во некои делови од вашиот живот. Ќе морате да менувате дел од вашите ставови, да преиспитате сопствени одлуки. Но ова е за крајот на годината, а вашиот знак однапред никогаш не троши од енергијата сега за нешто што допрва следи. Вашиот оптимизам е изворот од кој секогаш ја црпите силата за понатаму.
ЈАРЕЦ 22.12 – 20.01 И за вас напуштањето на Сатурн во знакот на Рак ќе навести дека завршува периодот на кризи и преиспитувања. Првата половина од 2018 год. ќе биде позитивно динамична за вас, ќе ги приведувате кон крај започнатите планови и активности што две години не можевте да ги завршите. Ќе ви се врати чувството на сигурност и подготвеност да не оставате започнатото да остане незавршено. Со влегувањето на Јупитер во Скорпија олеснувањето е чувство кое одамна го имате заборавено. Ќе ги изнајдете грешките кои ве кочеле во патот кон врвот. Вашиот знак тешко се обесхрабрува, но долго време имавте проблеми со емоциите кои ве држеа да стоите на исто место. Крајот на годината имате ново изненадување, љубовта. Едноставно Марс во Бик нема да може да одолее тоа да ви го направи. Како и Девиците 2018 год. ќе ја запаметите по убаво. Вие тешко се вљубувате и кога тоа ви се случува тоа се нарекува чудо.
ВОДОЛИЈА 21.01 – 18.02 Јупитер ќе ви ја направи убава првата половина на 2018 за во втората да можете да го издржите периодот после ноември. Остварување на целите, контакти со странство, многу патувања. Првата половина посветена на работата, учењето и остварувања со финансиски добивки. Многу пријатни случувања и долгопосакувани награди. Но со есента и пресвртница која многу Водолии добро ќе ги измести од нивниот пат. Проблеми во љубовта, семејството, работата, во домот. Многуте притисоци и противставувања ќе ви одземаат многу од енергијата која ви е непходна да бидете постојано напред, чекор пред другите. Година во која многу преставници од овој воздушен знак насилно ќе созреат поради обичните проблеми кои не сакаат реално да ги погледнат и прифатат. Меѓу животот во воздух и цврсто на земја има голема разлика, вториот е многу посигурен! Водолиите тоа тешко го прифаќаат, но нивниот владетел Сатурн од знакот на Лав тврдоглаво наредниве две години ќе ги потсетува.
РИБИ 19.02 – 20.03 Со Уран во вашиот знак станувате свесни дека се повеќе се менувате и не личите на себе. Вашите трансформации делуваат збунувачки на околината, но тие менувања ќе траат подолго и нека почнат да прифаќаат дека не сте веќе истите. И самите ќе станете свесни за тие промени, ќе почнат да ви годат, ќе започнете со ослободување и остварување на духовните цели. Ќе се одвикнете од сите видови на зависност, некој побрзо, некој поспоро но ќе ставите крај. Менувањето на Сатурн од Рак во Лав ќе ви помогне побрзо да ги тргнете сомнежите дека можеби грешите. Неуспесите кои претходно ве обесхрабруваа сега ги прифаќате како грешки од кои треба да се извлече поука. Со влегувањето на Јупитер, кој е ваш владетел почнува година на остварувања и желба животот да го поставите на здрави основи, а не на фантазии. Среќата знае да ве следи, не верувавте во неа, но таа не се откажала од вас.
извор:вечер.мк