Живот и Стил

Колку пати дневно ја празните бешиката?: Доколку е помалку од оваа бројка треба да внимавате

Колку пати дневно ја празните бешиката?: Доколку е помалку од оваа бројка треба да внимавате

Општата препорака вели дека треба да пиете минимум осум чаши вода дневно. Често зборуваме за тоа колку течности треба да пиеме, а поретко за тоа колку често треба да одиме во тоалет за да ја исфрлиме таа течност.

Многу луѓе денес заради забрзаниот начин на живот или работата немаат лесен пристап до тоалет, ја задржуваат урината и го одложуваат одењето во тоалет.

„Задржувањето на урината во бешиката всушност ги оптоварува нејзините ѕидови и нејзиниот мускул кој со текот на времето ќе ослабне, а сето тоа ќе резултира со неможност на целосно нејзино празнење“ – изјавил урологот и хирург Суданш Читал.

Предолгото задржување на урината може да предизвика низа проблеми, вклучувајќи и инфекција на уринарниот тракт и болести на бубрегот. Бактериите кои се развиваат во урината која предолго останува во бешиката предизвикуваат разни воспаленија и симптоми како што се болно испуштање на урината, температура, грозница и болки во желудникот.

Колку често треба да ја празните бешиката зависи од многу фактори, а најважно е колку течности пиете.

Луѓето кои пијат по 3 литри течност во текот на денот просечно треба 11 пати дневно да одат во тоалет.

Сепак луѓето кои пијат помалку течности во тоалет одат од 6-9 пати дневно.

Општоприфаен просек за сите луѓе е бешиката да се празни од 5-10 пати дневно.

Друг фактор кој влијае на зачестено празнење на бешиката е колку се потите, дали пушите цигари и колку сол консумирате.

Доколку наутро испиете кафе тогаш почесто ќе одите во тоалет затоа што кафето е диуретик.

извор:точка.мк

To top