Живот и Стил

Направете домашен спреј со кој ќе имате совршено испеглани алишта

Направете домашен спреј со кој ќе имате совршено испеглани алишта

Кога би требало да издвоиме една домашна обврска која ја мразиме, веројатно повеќето жени би се сложиле дека тоа е пеглањето. Освен што одзема многу време, оваа прилично напорна активност бара и многу внимателност, прецизност и труд.

Таман совршено сте го испеглале ракавот од кошулата по рабовите, ја поткревате и гледате дека се стуткала од другата страна. Звучи познато?

Што ако ви кажеме дека откривме спреј кој се подготвува од само 3 состојки кои веројатно веќе ги имате дома, со помош на кој вашата облека сама ќе се испегла? Не е лага!

Овој магичен спреј навистина постои и делува. Еве го рецептот…

Потребни состојки: 400 мл дестилирана вода, 1 лажичка омекнувач за алишта, 1 лажичка алкохолен оцет и 1 празен распрскувач.

Начин на подготовка: Во празен распрскувач налејте 400 милилитри дестилирана вода во која ќе додадете по една лажичка омекнувач и алкохолен оцет. Добро промешајте ја смесата и спрејот за пеглање е спремен за употреба.

Начин на употреба: Напрскајте ги сувите маици или која било друга облека со спрејот. Порамнете ги ракавите, поставете ги на сушара и оставете ги да се подзасушат. Откако ќе се исушат, вашите „пеглани“ алишта се спремни за носење.

To top