Талентираната Џејла Рамовиќ од Босна и Херцеговина во секое издание на „Ѕвездите на Гранд“ воодушевува со својот стас и глас.
Кога таа настапува никој „не дише“, а пак нејзината менторка Марија Шерифовиќ безрезервно верува во неа и нејзиниот талент.
Во последното издание импресионираше не само со изведбата, туку и со својот моден израз за кој се грижи српскиот дизајнер Саша Видиќ.
Џејла има само 17 години, но успешно чекори по музичкото небо откако за првпат се пријави во „Некои нови клинци“.
Досега ја има издадено песната „Ружа“, а иако е на почетоците од својата кариера, таа има безброј следбеници и обожаватели.
Популарна е и на Инстграм каде сподели фотографија како малечка, но и тогаш била преслатка и неодолива.