Црешите, верувале или не, придонесуваат многу за нашето здравје. Неколку цреши имаат посилно дејство дури и од аспиринот, а притоа не го иритираат желудникот.
Црешата содржи витамин А, Б и Ц, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин и мелатонин – состојки кои помагаат во борбата против ракот, во превенција на срцевите болести, ублажување на болести предизвикани од артритис, главоболка и симптоми поврзани со фибромијалгија.
Свежите цреши се добри за отстранување на физичката и психичката исцрпеност, затоа можете да ги понесете со себе на работа и да ги консумирате помеѓу оброците.
Научниците од универзитетот во Бостон сметаат дека црешите имаат способност да влијаат на намалување на ризикот од гихт, што го докажале и едногодишните истражувања кои ги спровеле со пациенти кои боледуваат од оваа болест.
Експертите утврдиле дека ризикот од напад се намалил за 75 отсто кога испитаниците јаделе цреши и истовремено земале лек кој ја намалува количината на мочната киселина.
Црешите исто така подеднакво придонесуваат и за губење на килограмите така што антоцијанините од темните цреши можат да ја намалат количината на масните наслаги на стомакот, а со самото тоа ја намалуваат и количината на холестерол и шеќер во крвта.
Тие имаат и антиканцерогени својства, а добро влијаат и на здравјето на коските. Ова црвено овошје се смета за одличен извор на бор, што во комбинација со калциум и магнезиум исклучително поволно влијае врз здравјето на скелетниот систем.
извор: точка.мк