Радио Милева

Гавазова го „собра“ семејството и се отселија од Шведска – пејачката со нови животни и професионални планови

Гавазова го „собра“ семејството и се отселија од Шведска – пејачката со нови животни и професионални планови

Атрактивната и една од најпопуларните фолк пејачки, Сузана Гавазова, сврти нова страница во животот, а големата промена не се однесува не само на нејзе, туку  на целото семејство.

Во домашните медиуми се појавија информации дека Гавазова донела и спровела голема животна одлука по која мечтаеше подолго време. Имено, пејачката заедно со сопругот Јасмин и двете ќерки се отселија од Шведска каде живееја шест години, односно откако се венчаа.

Наводно, нивната одлука била конечна за останување во Македонија, од каде Сузе ќе продолжи со музичката кариера, која пак ќе ја раководи нејзиниот сопруг.

фото:сузанагавазова/инстаграм

Гавазова досега неколкупати во медиумите изјави дека во Шведска не се чувствува своја, додека на домашен терен не само што е посреќна, туку и полесно може да работи на музичката кариера.

 

View this post on Instagram

 

Cao baby!!! ?????????

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on


-Чао бејби, гласи описот на нејзината последна објава на Инстграм каде пејачката се качува во бесно бело БМВ и тргнува на возење, а веруваме дека како и секогаш тоа „чао бејби“ беше упатено до нејзиниот Јасмин кој секогаш практикува да ја снима својата сакана.

To top