Радио Милева

Сани Гроздановска: „Аца Лукас го освоив со мојот глас“ (видео)

Сани Гроздановска: „Аца Лукас го освоив со мојот глас“ (видео)

Сања Сани Гроздановска моментално е една од најангажираните пејачки, па настапува од понеделник до понеделник во скопски кафеани.

Во интервју за „Бекстејџ“ , Сани откри дека за време на настапите имала и непристојни понуди кои вообичаено доаѓале од пијани гости.

„Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис. Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.

фото: Принтскрин/јутуб/бектејџ

Сани откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер.

Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја корегира устата.

Сани ги демантираше сите шушкања за наводната афера со Аца Лукас.

фото: Принтскрин/јутуб/бекстејџ

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше“ вели Гроздановска и додава:

„Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ вели пејачката за Бекстејџ.

Сани најави дека наскоро ќе сними песна.

Целото интервју можете да го погледнете видеото подолу.

To top