Живот и Стил

Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку често треба да ја менувате постелнината за да не се разболете

Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку често треба да ја менувате постелнината за да не се разболете

Креветот сигурно го замислувате како најчисто место за одмор, но тој е сè само не чист. Вашиот кревет е “пристаниште“ за мртви ќелии, бактерии и верувле или не фекалии.

Д-р Филип Тирено, професор по микробиологија на Универзитетот во Њујорк вели дека постелнината мора да ја переме барем еднаш неделно.

Навлаката за перница треба да ја менуваме два до три пати неделно.

„Доколку се потите многу во текот на ноќта тогаш чаршафите треба да ги менувате многу почесто, а истото важи и за луѓето кои во текот на ноќта спијат со шминка или креми за лице“ – вели д-р Филип.

Штом легнете на чаршафот вие оставате околу 50 милиони ќелии од кожата дневно, потоа пот, шминка, лосиони, влакна и сè останато кое што сте го собрале во текот на денот.

Сè што доаѓа преку бактериите и потта ја носат фекалната материја ешерихија коли која ќе продолжи да се размножува сè додека го одложувате перењето на вашата постелнина.

Мртвите ќелии и потта ги хранат паразитите затоа што ги привлекуваат во вашиот кревет каде што можат да се размножуваат, а нивниот измет може да предизвика алергија или астма.

„Многу луѓе не сфаќаат дека третина од нивните животи ги поминуваат изложени на овие алергии“ – предупдува Тиерно.

извор:точка.ком.мк

To top