Патувањето до најубавите места на планетата со вашиот сакан човек е едно од најволшебните доживувања во животот. Затоа изборот на дестинација за меден месец не е лесна задача. Има места кои можат да го претворат вашето свадбено патување во незаборавно и многу романтично доживување со преубави моменти.
Патувањето до најубавите места на планетата е секако нешто кое се памети засекогаш, па затоа еве неколку романтични идеи за вашето свадбено патување.
Малдиви
Ако сакате да се најдете во еден волшебен свет исполнет со убавина и незаборавни пејсажи, тогаш Малдивите се вистинското место за вашето романтично патување. Местото е доволно изолирано за да можете да се чувствувате целосно мирни и опуштени, а во исто време располага со сите погодности, кои ги задоволуват и најсложените очекувања. Неслучајно Марко Поло го нарекол тоа место „Цвеќето на Индија“, а за патникот Иван Батута, местото е „едно од чудата на светот“.
Покрај убавите плажи и природата, Малдивите се меѓу најубавите мест за нуркање, како и за истражување на морскиот свет. Сите овие богатства ја прават оваа дестинација така посакувана од многумина туристи низ целиот свет. Гастрономијата на Малдивите вкучува азиска и европска кујна, а особено вкусни се јадењата од риба.
Санторини
Ова е едно од најпосакуваните места за романтична прошетка во Грција. Островот има репувација на свадбена дестинација за двојки не само од Грција туку и од целиот свет. Убавите пејсажи, незаборавното сино море, во комбинација со карактеристичната архитектура и вкусна храна ги тера патниците да ја изберат токму оваа дестинација за своето свадбено патување и да потонат во една незаборавна атмосфера.
Еден од напознатите острови се живописното село Иа, Црвената плажа, главниот град на островот – Фира, како и малото селце Имеровигли. Не пропуштајте го зајдисонцетот на островот, кое е исклучително импресивно и вредно за гледање. Штом еднаш ќе го посетите островот Санторини, тој ќе ви остане засекогаш во срцето и умот.
Бали
Ова место е прекрасна бајка создадена од убавите плажи, тропската клима, источната уметност и богатата историја. Островот е сонот за секоја двојка, која одлучила да избега од бурното секојдневие и да се „нурне“ во егзотичниот свет на Индонезија. Бали е мешавина од густа вегетација и богата локална култура, која ги комбинира танците, фестивалите и ликовната уметност. Оваа прекрасна дестинација е наречена „Островот на илјада храмови“ и „Земја на боговите“ бидејќи има над 2000 светилишта, кои се богато украсени со традиционални источни симболи.
Најголем град е Денпасар, а после него по значење се редат Сингараја, Кута и Убуд. Одморот на островот Бали е шанда се запознаете со богатата култура, искуството и традициите на локалните жители.
Париз
Главниот град на Франција е вистинско ремек дело и една од ТОП дестинациите за свадбено патување. Градот претставува една уникатна комбинација од величенствената архитектура, искуство и прекрасна природа со умерена клима. Едни од најпознатите светски знаменитости, кои се наоѓаат во Парис се симболот на европскаа култура, Ајфеловата кула, модерниот и космополитски музеј „Лувр“, Триумфалната порта и булеварот „Шан-з-Елизе“, како и базиликата „Сакре Киор“ во која се наоѓа една од најтешките камбани во светот. Локалната култура е поздравена од страна на многу поети, писатели и уметници во нивните дела.
Занзибар
Островот Занзибар се гордее со чистите плажи, белиот песок, изобилството на сончеви зраци во текот на целата година, вкусната храна, гостопримливите локални луѓе, како и едни од најголемите и највозбудливи места за нуркање во светот. Занзибар е арапски зборк, кој се преведува како „Црниот брег“. Најатрактивната знаменитост на островот е Камниот град, кој претставува збир на згради и споменици изградени во периодот меѓу 18 и 19 век. Освен Унгуџа, Занзибае е нарекуван и како „Остров на зачините“ поради карамфилот, индиското оревче, циметот и биберот, кои растат во овој егзотичен дел од светот. Занзибар може да понуди и форма на сафари во џунглата.
Пукет
Островот на Тајланд нема како да не бид присутен во предлозите за најромантични дестинации. Една од најпознатите плажи е Патонг Бич, која се наоѓа на западниот брег, каде се наоѓаат големиот дел од туристичките пазари. Други популарни дестинации на островот се Пукет Таун, Русин, Ката и Карон. Неповторливиот Пукер, е познат и како бисерот на Андаманското море и е едно од местата на кои можат да се видат мајмуни кои живеат слободно, како и слонови и исклучително убави претставници на водниот свет. Пред илјада години на остворот се формирани пештери и лагуни, кои и денес се вистински природни феномени.
Шри Ланка
Ова место нуди неверојатна убавина и богата култура, во комбинација со исклучително гостопримство и неповторлива атмосфера. Најпосетените места се резерватот „Пинавела“, каде што живеат диви слонови, пештерските храмови во градот Дамбула, средновековната престолнина на Шри Ланка – Полонарува, како и Кралската ботаничка градина во Перанденија во која се одгледуваат 3000 видови на орхидеи, билки, зачини и егзотични дрвја. Шри Ланка нуди многу чуда и неверојатен спектар од атракции и авантури кои лесно може да го импресионираат секој патник. Кујната на Шри Ланка е едно од богатствата на земјата бидејќи јадењата можат да се приготват на различен начин во различни реони.
Барселона
Чудесната Барселона е сон на секој патник. Според една легенда градот е основан од генералот Хамилкар Барка, а според друга од Херкулес. Барселона гордо ги претставува своите импресивни згради, изградени во различни стилови и низ различни периоди. Барселона нуди уметнички дух, вешто сместен во комбинација со медитеранската кујна и карактеристичната атмосфера.
Импресивните знаменитости во градот се многу, а некои од нив се плоштадот „Каталонија“, катедралата „Саграда Фамилија“, куќите „Каза Бајо“ и „Ле Педрера“, стадионот „Ноу Камп“, плоштадот „Шпанија“, паркот „Гуел“, волшебната фонтата, Музејот на уметноста на Каталонија, Археолошкиот музеј како и „Готскиот кварт“, кој е стариот дел на неповторливата Барселона.
Палма де Мајорка
За своето незаборавно свадбено патување можете да ја изберете и преубавата Палма де Мајорка, која ќе ве пренесе во светот на латино танците, музичките фетивали, вкусните медитерански јадења, готските катедрали и незаборавните морски пејсажи. Оваа дестинација е посакувана од целиот свет, а успеала да ги искомбинира убавината, романтиката, морето, плажите, автентичноста и бројните интересни знаменитости.
Убавата природа на островот Мајорка овозможува романтични доживувања, изолација и долги прошетки придружени од шпански ритам и добро расположение на островот. Најимпресивни знаменитости на Палма де Мајорка се готската кадетрала „Ла Сеу“, замокот „Белвер“, пештерите „Драк“, селцето „Валдемоста“ и манастирот „Пресвета Богородица исцелителката“.
Дубаи
Неверојатниот Дубаи е бисерот на арапскиот свет каде што можете да го поминете времето на незаборавен начин со својата половина. Можностите за забава се исклучително многу и се различни за секој вкус. Кога сте во Дубаи, задолжително одете на сафари со џип во пустината каде што ќе станете светот на дел од дивиот животински свет. Исто така не пропуштајте ги знаменитостите како Бурж Калифа (највисоката зграда во светот), Фонтаните кои танцуваат, хотелот „Бурж ал Араб“ како и Волшебните градини. Дубаи е едно од малкуте места во светот каде што може да се видат 45 милиони цвеќиња во различни форми и бои. Препорачано место за посета е и Оазата Ал Аин која се наоѓа на границата со Обединетите арапски емирати и султанството Оман.
Пуља
Ова место е доказ за богатството на Јужна Италија, а тоа е прекрасна дестинација, која на своите посетители им ја нуди најдолгата крајбрежна линија во земјата (800 км). „Струјата на чизмата“ е романтична земја на која се наоѓаат величенствени замоци и цркви, големи полјани и градини, маслинови и овошни шуми, лозја и величенствено море. Ако го сакате убавото време и топлите сончеви денови тогаш Пуља е вистинскиот избор за вас. Таму Сонцето грее во текот на целата година, речиси 300 дена во годината. Хотели кои се наоѓаат во овој реон се на светско ниво, а многу интересен факт е тоа дека многу од нив се наоѓаат во зградите на манстири од 15. век. Светлиот песок, кристално чистото море и бескрајно синото небо, тоа е она на кое се надева секој кој ќе тргне кон бреговите на Пуља.
Рим
Привлечен мирис на свежо подготвени тестенини или крцкава пица, можат да бидат атракција за секој патник, како и величенствената архитектура и уметност, која олицетворение на овој волшебен град. Многуте атрактивни знаменитости исто така се меѓу огромните богатства на Рим. Некои од нив се Колосеумот, Плоштадот на Републиката, Римскиот форум, плоштадите „Венеција“ и „Навона“, како и Плоштадот на народот. Други познати знаменитости се: Фонтана ди Треви, Римскиот форум, црквата „Санта Марија сопра Минерва“ и преубавиот Ватикан, кој е најмалата држава во светот во кој се наоѓа само базиликата „Свети Петар“ и Ватиканските музеи. Рим е познат и како „Градот на градовите“ или „Caput Mundi“, што на латински значи „главен град на светот“.
извор:24auto.mk