Здравко Чолиќ неодамна наполни 68 години, а роденденот го прослави со сопругата и ќерките.
-Како стареам, родендените ми се помалку важни. Обично ги обележувам со семејството и пријателите, зависи од местото каде се наоѓам. Всушност, тоа е повод да се собереме, да наздравиме и малку да се дружиме. Важно е дека сме здрави. Не размислувам за времето кое минува, вели Чола за босанскиот портал „Klix.ba“ и додава:
-Стареам, но се уште го имам тој оптимизам во себе и носам добро расположение и љубов кон луѓето. Веројатно својствена ми е позитивната енергија која ја имам и која се обидувам да ја задржам, а работата со која се занимавам е врзана со луѓе и публика, па тоа не некој начин ме одржуава.
Славнот пејач открива како е да се живее со три жени – сопругата Александра и ќерките Уна и Лара.
-Преемотивен сум и не можам да бидам строг, па децата го „водат орото“. Многу е одговорно да се живее со три жени, но и многу убаво, вели Здравко Чолиќ за својата приватност и семејството.