Новогодишните и божиќните украси настануваат во кинескиот град Јиву.
Попрецизно, 60 проценти од украсите кои се користат ширум светот, настануваат во некоја од 600-те фабрики во местото познато како “Божиќниот град”, оддалечен околу 300 километри од Шангај.
Жителите на Јиву, како и работниците вработени во фабриките, во главно не знаат што е Божиќ. Украсите кои се дел од големиот празник, ги прават во главно доселеници од руралните средини, кои работат по 12 часа дневно.
Често работат и со материјали кои се штетни по нивното здравје, но воглавно не се незадоволни од своето работно место.
Сопствениците на фабриките пред 20 години исто така не знаеле што е Божиќ, но потоа го препознале потенцијалот во тој празник и константната потреба на луѓето од Западот да купуваат евтини украси.
Сепак, не се само Европејците и Американците луди за нивните украси. Огромна побарувачка за шарените сијалички, елки, “Дедо Мразовци” и слично, доаѓа и од африканските и од земјите од Блискиот исток.
Најголем обем на работа има во септември и октомври, кога украсите се праќаат во Европа и САД, а во Јиву во секој период од годината можете да најдете отворена продавница за украси.
извор:точка.мк