Лепа Брена отиде да ја посети сестра си Факета која со сопругот Зоран и двете ќерки повеќе од 20 години живее во Канада.
Сестрите поради далечината не се гледаат често, па сега се забавува со чаша вино. Брена се фотографираше со внуката Мајда, а во таа прилика направи неколку откачени гестикулации.

Најпопуларната пејачка на поранешна Југославија се однесуваше опуштено, а потоа „откачи“, што ја насмеа нејзината внука која исто така почна да се шегува со неа.

-Добро вино, напиша Брена за „лудите“ фотографии со семејството.

Пред две години пејачката призна дека понекогаш знае да се напија по некоја чаша вино, како што вели за здравје.