Живот и Стил

(ФОТО) Кои бемки се опасност од рак, а кои само дамки на кожата?

(ФОТО) Кои бемки се опасност од рак, а кои само дамки на кожата?

Промените на бемките кои честопати изгледаат сосема безопасно, не ретко може да доведат до рак на кожата. Според истражувањата во последните неколку години стапката на смртност од овој вид рак загрижувачки се зголемува, а најчестата причина поради која умираат голем број пациенти е фактот што немало навремено дијагностицирање на болеста.

Кожниот карцином почесто се јавува кај лица што имале во своето блиско семејство болен од кожен карцином и самите тие се со бенки на кожата. Според статистиките, почесто се јавува кај мажите отколку кај жените. Сончевите ултравиолетови зраци се главен фактор на ризик за појава на кожен карцином. Најчесто ракот на кожата се јавува на региите што се изложени на сонце или на други извори на ултравиолетово зрачење. Изложувањето на сонце се смета дека е главен фактор за појава на кожниот карцином.

Од голема важност за рано откривање на ракот на кожата е самопрегледот. Тој треба да се изведува еднаш месечно.

Промените на бемките понекогаш може да бидат мошне очигледни, а друг пат сосема банални, па токму затоа е потребно редовно да го прегледувате своето тело.

– Меланомот најчесто се препознава по ненадејната промена на пигментацијата во самиот младеж или во промена на рабовите, зголемувањето на младежот, негово испакнување. Некогаш се појавува и чешање во самиот младеж како и крвавење, но често се случува промените да се сосема банални.

Како да препознаете бемка од онаа која е најава за сериозноз аболување, моѓеби и рак?

Бемките кои сами по себе не се опасни, но понекогаш можат да бидат предупредување за опасна болест. Во однос на останатите видови рак, меланомот може многу лесно да се препознае, а ако рано се открие, може и да се излечи.

Голем ризик фактор претставува употребата на солариум, кој емитува замо УВА зраци, кои не можат да доведат до адекватна синтеза на витамин Д. Сончањето во солариум го зголемува ризикот за појава на меланом до 75%.

Поради полесно забележување на деформацијата на бемките треба да го познавате ABCDE правилникот, каде секоја буква означува одредена неправилност на кожата на која треба да се посвети специјално внимание.

To top