Ако некој од познатите личности во Македонија можеме да го прогласиме дека „живее на Инстаграм“, таа адреса дефинитивно може да и припадне на водителката Миа Костова.
Понекогаш дури и самата е свесна да каже дека можеби ги „блокирала“ телефоните на своите следбеници со многубројните секојдневни објави, но очигледно социјалните мрежи се нејзиниот начин и стил на живот, без кои баш не интересира како би се адаптирала по ваквата интензивна навика.
Но, бројните следбеници на Миа и тоа како ги сакаат нејзините објави со искуства и совети за убавина, храна, мајчинство… А тоа пак, дополнително ја мотивира да им покаже сè, па дури и новата мозолка на лицето.
Имено, овој пат познатата ТВ водителка и влијателна „инстаграмџика“ на сите сакаше да им ги покаже физичките разлики на себе од пред три години и сега. За таа цел избра една фотографија од 2015 година и таква од сега на која е облечена во истата долна облека, а за приложената споредба во опис дополни и за промените кои ги има на себе во прериод од три години.
Килограмите за кои секогаш води грижа откако се породи, не се промениле многу, туку само 3 повеќе во 2019 година, што мора да се признае дека одлично и стојат.
Огромната тетоважа или „ракавот“ е една од повпечатливите промени, но во никој случај не може да не се споменат и пропуштат силиконите во градите кои ги зголеми. Следењето на трендовите исто така се силна страна на Миа, па затоа тука е и новата „ин“ фризура која сепак остана руса.
Вака или така, 34-годишната водителка за разлика од останатите познати личности во земјава, барем умее да покаже и каже нешто повеќе во монотонијата која владее кога е во прашање активноста на социјалните мрежи кај јавните фаци.